Skip to main content
Забава

КАКО ДА СЕ РАЗЛАДИТЕ БЕЗ КЛИМА УРЕД: Ако не ви се допаѓа климатизацијата, следете ги следниве совети за време на тропските денови

09/08/2025  15:59

За време на екстремно високи температури, сите веднаш посегнуваме по клима уредот, но сепак, можеме да ги направиме становите и собите во кои живееме попријатни дури и без неа.

Тропскиот бран што е на сила во Македонија предизвикува сериозни проблеми кај многу луѓе, почнувајќи од несоница до главоболки и аритмии. Иако за многу луѓе, првото решение во борбата против високите температури е посегнувањето по далечинското за клима уредот, има и такви на кои не им се допаѓаат овие уреди за ладење. Па, како да ја изладиме просторијата во која престојуваме?

Како да се разладите со храна
Можете да се разладите и со избирање на вистинската храна. Изберете храна што содржи висок процент на вода. Користете ја за да направите освежителни салати.
– краставица – содржи околу 96% вода, а исто така е богата со растителни влакна, витамини и минерали

– домат – со 95% вода, ликопен, витамин Ц и други хранливи материи, ја прави една од најкорисните намирници што можете да ги послужите на масата во текот на топлите денови
– лубеницата – слатка и здрава намирница со дури 92% вода, богата е со антиоксиданси кои го ладат телото
– диња – веднаш ја следо лубеницата со 90% вода и калциум, одлична за хидрирање на телото.

Испрскајте го мебелот со ладна вода
Наполнете го шишето со распрскувач со ладна вода, а потоа лесно испрскајте го мебелот (софи, фотелји, кревети) за попријатно чувство.

Облека изработена од природни материјали
Внимателно изберете ја облеката што ќе ја носите во текот на денот. Одлучете се за облека што не се лепи за телото и е направена од природни материјали, како што се лен и памук, за вашата кожа да може да дише и да ја апсорбира потта.

Опкружете се со собни растенија
Алое верата, како и другите растенија во саксии, се одговорот на прашањето како да се разлади просторијата на природен начин. Зеленилото не е само пријатно за око, туку вашите саксиски растенија испуштаат вишок вода кога температурата во просторијата се зголемува, со што се лади просторот околу нив.