Search

Обрадор подготвен да побара референдум за гонење на корупцијата во Мексико

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека е подготвен да побара референдум на кој граѓаните ќе гласаат за покренување постапка против поранешните претседатели за корупција, доколку активистите не успает да соберат доволно потписи.

Активистите имаат рок до крајот на неделава да соберат 1,8 милиони потписи, а британските медиуми наведуваат дека се очекува тие да не успеат во намерата.

Корупцијата долго време е болна точка во политичкиот систем во Мексико и земјата се наоѓа на 130 место во светот според најновиот индекс на перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл.

Треба да знаете
Последни објави