Skip to main content
Хроника

Момче (19) и девојче (14) повредени откако автомобил излетал од патот

26/07/2025  17:21

На 25.07.2025 во СВР Тетово е пријавено дека околу 22.50 часот на регионалниот пат Желино-Сиричино, тетовско, патничко возило „опел” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш. (19) од село Шемшево, општина Јегуновце, излетало од патот.

Во несреќата А.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата 14-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.