БиХ ги крена рампите за влез на сите странски државјани ама со задолжителен негативен ПЦР тест

Советото на министри во Босна и Херцеговина денеска ја донело очекуваната одлука за кревање на граничните рампи за сите странски државјани кои имаат негативен ПЦР тест за коронавирусот.  Тоа значи дека во БиХ ќе можат да влезат сите странски државјани кои поседуваат негативен тест на коронавирусот не постар од 48 часа.

До сега во БиХ можеа да влегуваат државјаните од земјите членки на ЕУ и тоа со негативен ПЦР тест. Во БиХ можат да влегуваат и државјаните на Србија и Црна Гора без задолжителните тестови.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави