
Еден маж е почина, а друг е полесно повреден во удар од гром во Беране, Црна Гора, објави РТЦГ.
Полицијата во Беране соопшти дека бурата ги затекнала двајцата на планината каде што балирале сено и дека се засолниле во колиба.
„Потоа удри гром. Среќа е што немаше повеќе жртви или повредени бидејќи на истото место имаше неколку жители на тоа село Беране“, објави полицијата.
Несреќата се случила околу 17 часот, а во тој момент Беране го зафати силна бура со дожд, грмотевици, град и силен ветер.