Skip to main content
Хроника

Со „молотов коктел” запалил сува трева 

20/07/2025  13:27

Денеска (20.07.) во СВР Куманово во 02,10 часот е  пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.