
Изјава за медиуми, Радмила Апостолоска – Цветковска, ОО СДСМ Ѓорче Петров
Четири години Ѓорче Петров тоне во хаос, запуштеност и тотална незаинтересираност од страна на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Од градоначалникот Александар Стојковски четири години видовме лажни ветувања и нереализирани проекти, четири години неодговорност и неспособност.
Ветуваше сè и сешто – инвестиции вредни стотици милиони денари. Oд ново основно училите, библиотека и читална за младите, уредување на коритото на реката Лепенец функционална индустриска зона, до нови паркови во секое мало, еден милион нови дрва –
Ништо од тоа!
Централниот парк во Ѓорче – наместо најмодерен во Скопје, како што велеше Стојкоски, после 4 години нема зелени површини, туку жолти, а пред неколку месеци и дрво падна во близина на дечиња, кое за среќа не прерасна во трагедија
Наместо паркови во секое маало, добивме џунгли од неискосена трева и мини депонии на секое ќоше.
Ветуваше Стојкоски и проект Ѓорче Петров – Белите дробови на градот Скопје со засадени 1 милион дрва. За жал, четири години подоцна, дрва нема, а општината е една од најзагадените во градот.
Стојкоски ветуваше и пробивање на улицата Лука Геров од Даме Груев до Стопански двор, со цел подобра комуникација и полесно движење на жителите од Волково. Ништо и од тоа, граѓаните со саати се заглавени во сообраќајниот хаос низ Ѓорче Петров.
Борбата против бетонизација беше едно од главните ветување на Стојкоски. Четири години подоцна, Стојкоски е рекордер во издавање на градежни дозволи за изградба на згради.
Денес после 4 години реализацијата на неговите ветувања е еднаква на нула. Нема план, нема резултати. Ѓорче е запустена општина, граѓаните се излажани и оставени сами на себе.
Време е за нова страница.
Време е Ѓорче Петров повторно да добие општинска власт која знае што е јавен интерес, која не бега од одговорност- општина што ќе работи а не што ќе глуми работeње
Ѓорче заслужува промени, затоа што Ѓорче може и мора подобро.