Skip to main content
Свет

Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати

20/07/2025  10:08

Бројот на жртви во Јужна Кореја се искачи на 14, а уште 12 лица се водат како исчезнати откако поројните дождови предизвикаа свлечишта и поплави кон средината на неделата.

Дождот веројатно ќе престане подоцна денеска и ќе биде проследен со топлотен бран, соопшти владината метеоролошка агенција на Јужна Кореја.

Поројните дождови што претходно ги погодија јужните делови од земјата се поместија кон север преку ноќ, додаде јужнокорејската метеоролошка агенција.