Skip to main content
Спорт

Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

20/07/2025  09:53

Украинскиот боксер Олександр Усик го победи Англичанецот Даниел Дубоа синоќа во реваншот во Лондон.

Борбата заврши со победа на Усик со нокаут во петтата рунда. Украинецот стана апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Реваншот помеѓу Усик и Дубоа се одржа на стадионот „Вембли“. Првата борба на противниците се одржа на 26 август 2023 година, Олександр победи, иако прв беше нокаутиран.

Триесет и осумгодишниот Усик има 24 победи во исто толку борби, додека 27-годишниот Дубоа има 22 победи и два пораза.