Skip to main content
Македонија

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово

18/07/2025  16:37

Опозициската СДСМ попладнево ќе одржи седница на Извршниот одбор, каде една од точките ќе биде и номинирањето на кандидати за градоначалници на десеттина општини.

Како што дознава 24инфо.мк од партиски извори, денес ќе се одлучува за повеќе помали општини, но и за неколку позвучни како Кисела Вода и Валандово.

Според информациите, кандидат за Кисела Вода ќе биде екс директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, додека се очекува Перо Костадинов да добие доверба да „трча“ за уште еден мандат градоначалник на општина Валандово.

На седницата најверојатно ќе биде потврдена и кандидатурата на Маја Мојсова Миовска за градоначалник на општина Карпош.

На седницата, според брифот од Бихаќка, денеска нема да се реши кандидатот за градоначалник на Град Скопје, а таму во игра се екс министерката Каја Шукова и професорот и архитект Мишко Ралев.