Се удави момче од Косово кое со другарите илегално влегле во земјава за да се капат во Караниколичко езеро

Момче од Косово на 20 годишна возраст се удави во Караниколичко езеро на Попова Шапка. Како што информира полицијата вчера во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на нашата земја Ф.А.(на возраст околу 20 години) од Косово заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во земјава за да се капат во „Караниколичко езеро“.

Притоа, според пријавеното, Ф.А. се удавил. Едно од лицата се вратило во Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена ПСГН Попова Шапка.

Околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хеликоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави