Skip to main content
Македонија

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

15/07/2025  22:03

Вкупно 21 пожар на отворен простор е евидентиран вечерва, до 21:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци и меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се 18 пожари. Тоа се: кај скопското село Горњани и над црквата „Св.Троица“ во општина Чучер Сандево, кај Смилковско Езеро и кај село Раштак кон Љуботен во општина Гази Баба, кај селата Љубин и Крушопек кон село Лака во општина Сарај.

Изгаснат е пожарот во општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, каде гореа градежни материјали.

По два пожари се изгаснати во Кумановско, кај селата Четирце и Пчиња и општина Долнени, кај селата Црнилиште и Слепче, во Битола кај населбата Баир. Изгаснати се пожарите и во општините Кичево, Струга, Штип, Пробиштип, Кратово и Теарце.