
Министерот за внатрешни работи денеска оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД Михаел Шпинделегер.
На средбата се разговараше за приоритетите и претстојните активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи од аспект на справувањето со илегалната миграција и воопшто зајакнувањето на капацитетите на граничната полиција да одговори на предизвиците кои таа ги носи.
Состанокот заврши со заемно изразена желба за интензивирање и развој на соработката помеѓу Министерството и Меѓународниот центар за развој на миграциски политики.