Skip to main content
Хроника

Претрес во Тетово, пронајдени пиштол и куршуми

14/07/2025  13:45

На 13.07.2025 во 11.45 часот во Тетово, полициски службеници СВР Тетово го лишиле од слобода Е.К.(32) од Република Албанија, со престој во Тетово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки” со празна рамка и 11 куршуми, а за кои не поседувал никакви документи.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.