Skip to main content
Спорт

Ивановски со два тај брејка до победа на Челинџерот во Сан Марино

14/07/2025  10:00

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа го стартуваше Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Тој во првото коло од квалификациите го совлада Јозеф Ковалик од Словачка со 2-0 во сетови (7:6(5) и 7:6(4)). 

Во првиот сет, тај брејкот го доби со 7:5 на поени, откако имаше предност од 5:1. Во вториот сет Ивановски беше во негатива од 2:4 на поени, но со серија од пет поени го освои гемот со 7:4 на поени и го доби мечот со 2:0 во сетови. 

Денес за пласман на главниот турнир Ивановски ќе игра против домашниот тенисер Франческо Форти, а почетокот нема да биде пред 13:30 часот.

Челинџер турнирот во Сан Марино се игра за награден фонд од 181.250 евра.