Skip to main content
Свет

Мал авион се урна на аеродромот во Лондон Саутенд, бројот на патници е непознат

13/07/2025  20:16

Мал авион се урна на аеродромот „Лондон Саутенд“ на југоисточниот брег на Англија, соопшти полицијата денес.

Сè уште сме на местото на настанот, соопшти локалната полиција во Есекс, пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека била предупредена за авион долг 12 метри кој се запалил на локација во Саутенд-он-Си непосредно пред 16 часот по локално време, јавува Би-Би-Си.