Skip to main content
Хроника

Уапсен крадец во Велес, кај него пронајдена и дрога

13/07/2025  10:42

На 12.07.2025 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил неколку кражби во Велес, односно од дом на 70-годишната С.С., одзел два мобилни телефони, од домот на 81-годишната П.С. еден мобилен телефон, од Љ.Љ.(68), додека бил во бифе, паричник со пари и од 46-годишната Н.К., додека била на работа во продавница, одзел паричници со пари. Кај него биле пронајдени мобилните телефони, како и дел од парите и еден паричник и тие се вратени на сопствениците. Исто така, при прегледот кај него биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена растителна материја, а во извршениот службен разговор кажал дека купил поголема количина дрога од која подоцна им дал на други две лица, со што сторил и кривично дело по член 216 од Кривичниот законик „овозможување на употреба наркотични дроги”.