Skip to main content
Хроника

Девојка е прегазена на тротоар во Ѓорче Петров

12/07/2025  09:46

Дваесет и пет годишна девојка, која се движела по тротоар, вчера попладне е прегазена од возач на автомобил кој возел со голема брзина во скопската населба „Даме Груев“, во општината Ѓорче Петров.

„На 11.07.2025 во 18:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Геге, скопско настанала сообракајна незгода помеѓу патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од З.А.(49) од Скопје и пешакот С.Ј.(25) која е префрлена во КЦ Мајка Тереза за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава“, велат од МВР.