Skip to main content
Хроника

Во пукањето во Батинци загина припадник на АРМ

11/07/2025  12:52

Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница во врска со пукањето во Батинци. Лекарите велат дека веднаш биле преземени мерки за реанимација, но констатирале дека жртвата веќе била мртва во моментот на приемот, дознава 4NEWS.mk

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.

Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.