Skip to main content
Економија

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

11/07/2025  12:59

Турската компанија „Чагатај Кабло“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје постави камен-темелник на својата нова фабрика во која ќе бидат отворени до 200 нови работни места.  Инвестицијата е шест милиони евра, а објектот ќе се протега на потвршина од 10 илјади метри квадратни. 

Според премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика, оваа нова инвестиција на „Чагатај Кабло“ е потврда дека владините политики се добри и државата се движи во вистински правец.

– Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, туку и за локалната заендица, националната економија и за иднината на секој млад човек кој сака да остане тука. Вградуваме уште еден темелна економска доверба, јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа, рече Мицкоски.