Skip to main content
Македонија

Во тек гласање за кандидатите за Наградата за младинско учество

11/07/2025  11:38

Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. 

Наградата се доделува во три категории: 

-индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), 
-категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и 
-категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. 

Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Гласајте на: https://s.surveylegend.com/-OU-lKMhEN6mpDZGS3zZ

*Пред да гласате, прочитајте ги описите на иницијативите и препознајте го оној младински ангажман кој прави вистински промени .

Гласањето официјално ќе заврши на 31 јули 2025, 23:59ч.