Skip to main content
Спорт

Македонските јуниори поразени од Романија во пет сета на одбојкарската Балканијада

11/07/2025  09:57

Во неизвесен натпревар во пет сетови со многу пресврти, машката репрезентација на Македонија до 19 години загуби синоќа со 2:3 (25:19, 25:27, 30:28, 20:25, 12:15) од Романија, во второто коло на Балканското првенство во Бања Лука.

И покрај поразот макеоднските јуниори се во игра за пласман во полуфиналето, а тоа ќе зависи од исходот на денешната пресметка против Турција.

Почетокот на овој дуел, кој е во рамки на завршното трето коло во групата А, е закажан за во 15:30 часот.

Во воведното коло, Македонија го совлада домаќинот Босна и Херцеговина со 3-1.