Skip to main content
Македонија

Температурите паднаа за 15 степени, измерени се само 4 степени во Македонија!

10/07/2025  18:20

По многу топлиот бран кој ја зафати нашата Република Македонија и донесе многу високи температури на воздухот, денешното утро (10 јули четврток) донесе многу пониски температури, пониски дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера (9 јули среда).

Денешното утро најниска температура од само 4 степени донесе во Лазарополе, а како што можете да видите на табелата, на повеќе места температурата се спушти близу, па и под 10 степени. Само во Повардарието остана да биде потопло, како и вообичаено. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и сето тоа на мерните станици на УХМР.