Skip to main content
Хроника

За шест часа изречени 103 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Кавадарци

08/07/2025  10:09

На 07.07.2025 година во периодот од 15.00 до 21.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција во Биро за јавна безбедност и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кавадарци, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 100 возачи од кои: 23 возачи за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, пет возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол, четири возачи кои управуваат возило со несоодветна категорија, 36 возачи за не користење на заштитен шлем-кацига, шест возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест, изготвени се три барања за поведување на прекршочна постапка за Правни лица како и одземени се четири мотоцикли и две товарни моторни возила по член 344 од ЗБСП а превземени се мерки против 18 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.