Skip to main content
Магазин

Ќе се најде ли турскиот појадок на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО?

08/07/2025  10:05

Познатиот турски појадок, кој е нераскинлив дел од турската култура и традиција, е кандидат за Листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО (Организација на Обединетите нации за образование, наука и култура). Турскиот појадок е светски познато кулинарско искуство што секој посетител на Туркије треба да го доживее. Нуди разновиден спектар на јадења, од разни сирења, до маслинки, домашни колачи, свежи домати и краставици, сувомеснати производи, јајца подготвени на различни начини, крцкав, свежо печен леб, како и џемови од сезонско овошје, природен мед и густа павлака. Ваквата гастрономска понуда е дополнета со миризлив турски црн чај.

Сирењето и маслинките се меѓу најзначајните компоненти на турскиот појадок, како и свежиот зеленчук и овошје. Сезонскиот зеленчук, особено сочните летни домати и краставици, се служат со малку маслиново масло и прстофат сол, придружувајќи ги различните видови сирење и маслинките. Дињата и лубеницата често се освежителен додаток на намазот во лето, внесувајќи сладок контраст на солените јадења.