
Голем пожар попладнево во скопската населба Даме Груев, во општина Ѓорче Петров.
Покрај пругата, во близина на железничката станица Ѓорче Петров, горат импровизирани објекти, односно дивоизградени штали за добиток.
Во моментов неколку камиони се уште го гасат пожарот, очевидци тврдат дека слушнале и експлозии, а се стравува и за безбедноста на „сопственикот“ на шталите кој според кажувања на очевидци се наоѓал внатре кога започнал пожарот.
Повеќе детали очекуваме од ЦУК, Противпожарната бригада Скопје, како и од МВР.