
Во Португалија во тек е погребната церемонија на Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул, и неговиот брат Андре Силва, кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во четвртокот.
Семејството, пријателите и поранешните соиграчи се собраа во црквата каде со солзи во очите носеа ковчези и оддаваа последна почит на 28-годишниот Диого и неговиот 25-годишен брат.
Во текот на утринската служба пристигнаа и сегашни и поранешни фудбалери на Ливерпул, кои синоќа пристигнаа во Португалија за да го поддржат семејството и да го испратат својот соиграч и неговиот брат.
Меѓу присутните беа и капитенот на Ливерпул Вирџил ван Дајк, кој носеше цветен аранжман во форма на дресот на Диого со бројот 20, како и Енди Робертсон, кој го носеше црвениот дрес со број 30 во чест на Андре Силва.
Погребот беше исполнет со голема тага и почит кон животите на двајцата млади спортисти кои оставија неизбришлив траг во светот на фудбалот.