
Иако инстинктивно посегнуваме по ладен туш за време на летните горештини, експертите предупредуваат дека токму тоа може да биде голема грешка за организмот.

Кога телото е прегреано или испотено, капење со ладна вода може да предизвика шок, а ефектот врз разладувањето да биде сосема спротивен од очекуваниот. Имено, според научни истражувања, наглото изложување на студена вода ја активира природната терморегулација на телото – систем што се обидува да ја одржи внатрешната температура стабилна. Како резултат на тоа, телото почнува да се загрева, што предизвикува чувство на уште поголема топлина по туширањето.
Експертите препорачуваат користење на млака или топла вода, дури и во најжешките денови. Иако оваа идеја можеби не изгледа примамливо, особено во лето, топлиот туш всушност го стимулира ладењето на телото. Како? Со зголемување на циркулацијата и природно поттикнување на телото да ја намали температурата.
Дополнително, туширањето со ладна вода на испотено тело носи ризик од шок за организмот, што може да доведе и до настинка или мускулни грчеви.
Затоа, ако сакате да се разладите ефикасно и безбедно, експертскиот совет е јасен – заборавете на ледено студената вода и одлучете се за млака или умерено топла вода. Вашето тело ќе ви биде благодарно.