Skip to main content
Скопје

(Видео) Коњ пасе во Автокоманда

02/07/2025  18:04

Во Скопје одамна се навикнавме да гледаме се и сешто.

Веќе секое лето наезда на штетници и влекачи е речиси редовна појава во главниот град.

Но во некои населби често можат да се забележат и овци, кози, коњи и магариња.

Денеска, коњ под длабока сенка безгрижно си пасеше на тревната површина во Автокоманда, која важи за една од поурбаните населби.

Ваквата слика освен што можеби ги израдува најмалите предизвика вознемиреност кај возачите, затоа што коњот се наоѓаше на само неколку метри одалеченост од еден од најфреквентните булевари во Скопје.

И додека околните главни градови постојано растат и се развиваат, Скопје продолжува да сонува дека еден ден ќе стане метропола.