Skip to main content
Магазин

Бајага и Инструктори ова лето во Битола за цела Македонија

02/07/2025  14:41

Еден од најголемите рок состави на просторите на поранешна Југославија, Бајага и Инструктори, ќе настапи ова лето во Битола на 27 јули. Концертот ќе се одржи на Ракометното игралиште, со почеток од 21 часот, и ќе биде единствениот настап на групата во Македонија оваа година.

Познати по своите незаборавни настапи, Бајага и Инструктори на публиката обично ѝ приредуваат повеќе од два и пол часа музика, исполнети со најголемите хитови од нивната богата кариера. Настапот во Битола се очекува да биде врв на летната концертна сезона во градот, особено поради фактот што ќе се одржи само неколку дена пред националниот празник Илинден.

Билетите за настанот, во ограничен број, ќе бидат пуштени во продажба во петок, на 4 јули, од 10 часот наутро. Цената е 900 денари, а билетите ќе бидат достапни онлајн преку avalonbooking.mk, како и во Ариес Травел и Димпо тобако продажните места во Битола.

Концертот во Битола доаѓа по низата настапи на групата во регионот, а за македонската публика ова ќе биде единствена можност да ужива во нивниот препознатлив звук ова лето.