
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и Х.А.(59) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

Во текот на јуни 2024, пријавените склучиле договор со лице од Тетово за испорака на градежен материјал во износ од 126.755 денари, но по извршената уплата, на оштетениот не му бил испорачан градежниот материјал.