Skip to main content
Хроника

Уапсен крушевчанец кој возел пијан

02/07/2025  12:18

На 02.07.2025 во 00.45 часот на ул „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Д.Ц.(28) од Крушево.

При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Д.Ц. управувал патничко моторно возило „мерцедес” со крушевски регистарски ознаки под дејство на алкохол , односно му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.