
На 01.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од село Синичане, која според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот кога на шумски пат на место викано „Голем рид“ во село Синичане била нападната од мечка, соопшти СВР Тетово.