Skip to main content
Скопје

Во Визбегово повторно гори – црн чад го загадува Скопје

02/07/2025  10:46

Во Визбегово утрово повторно гори. Црн чад се шири, а најверојатно гори повторно депонијата, за која 24 Инфо веќе пишуваше.

Освен што претставува опасност за граѓаните во ова населено место, од причина што луѓето постојано живеат во страв од ширење на огнот, црниот чад кој се шири претставува канцерогено загадување кое го дишиме.