Skip to main content
Магазин

Кун од 2Бона: Кога ми кажа дека не може да има деца, мојата реакција беше – Е добро де, што е тоа битно

02/07/2025  10:39

Марио Јелиќ, добро познат во јавноста како Кун од 2Бона во поткаст кај Стефан Лазаров отворено зборуваше за својот приватен живот и неговата идна сопруга Исидора, за која откри дека има синдром од раѓање и дека неможе да има деца.

„Секој знае која е жената на мојот живот. Сум го чувал во тајност приватниот живот за да се заштитам себеси.

Во моментов сум во стадиум каде што сум спремен на сè, немам што да кријам“ – вели тој во подкастот, каде открива и детали за нивното запознавање, но и фазата кога имале пауза, а потоа сфатил дека таа му е потребна во животот.

Освен што ја возвишува за тоа што таа значи во неговиот живот, Кун открива дека неговата животна сопатничка има проблем од раѓање и тоа му открила уште на самиот почеток од врската.

Неговата љубов кон партнерката е толку силна, што ништо не го спречило да остане со неа, а сега, кога знаат дека животот ќе го поминат заедно, минале низ процедура на создавање ембриони, кои ќе ги искористат за да добијат дете преку сурогат мајка.

Тој се отвори за оваа ситуација со поголема цел, да им покаже и на останатите жени, но и мажи, кои минуваат низ истото, дека не треба да се разочаруваат ниту откажуваат и дека љубовта е најважна од сè.

Кога ми кажа дека не може да има деца, мојата реакција беше – е добро де, што е тоа битно? Многу изреагира зрело за нејзините години затоа што ми го кажа тоа уште пред било што сериозно да имаме.

Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром, нема да можам да користам медицински израз да не згрешам нешто, не сум навлезен во тоа, зашто не ми е битно. Мене ми е битно да сум среќен со неа.

Благодарение на медицината, која е напредна, сега имаме успешни 3 ембриони кои чекаат само да се лансираат во сурогат мајка, која ќе ги износи 9 месеци и ќе имаме наши деца со наши гени.

Во нејзината ситуација, ова е благослов, зашто нејзиниот синдром (кој инаку има повеќе форми), овозможува да може да има свои деца, има здрави јајце клетки што се спојуваат со семето на мажот и можеме да створиме ембриони.

Но јас ќе останев со неа и да немам деца. Мене ми е битно да сум среќен и да не бегам од дома. Мене ми е убаво да седам со неа дома.

Не ми треба ништо повеќе од дружбата со моите браќа, со мојот кум во студио, после да одам дома со мојата жена, да имам фина вечера, фин разговор.

Среќен сум, се будам секое сабајле благодарен на Бог за тоа што го имам, заклучи Кун.