Skip to main content
Хроника

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

01/07/2025  16:09

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски” во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.

При преглед на патничко возило „голф” со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава  и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.