
Екстремна топлина ја погоди јужна Европа, а температурите достигнаа рекордни 46,6 степени Целзиусови во Португалија и предизвикаа предупредувања за вонредни состојби низ целиот континент.

Речиси целата територија на Франција е ставена во состојба на тревога, додека властите во Италија, Португалија, Грција и Турција издаваат здравствени предупредувања и активираат служби за итни случаи, објави „Гардијан“.
Во Португалија, во Мора се измерени 46,6 степени, што би можело да биде нов национален рекорд за јуни, соопштија метеоролошките служби.