Skip to main content
Македонија

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

30/06/2025  23:11

Вечерва во центарот на Скопје избувна пожар во една од галиите поставени на реката Вардар, во близина на хотелот „Холидеј Ин“.

На терен интервенираа екипи на Противпожарната бригада со едно возило и пет пожарникари, кои успешно го изгаснаа огнот.

Пожарот беше локализиран и целосно изгаснат за кратко време, а причините за неговото избувнување засега не се познати.