Skip to main content
Скопје

Гори една од галиите во Скопје

30/06/2025  22:52

Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар кај хотел Холидеј ин, во центарот на Скопје. Во тек е интервенција на противпожарните служби за негово гаснење.

Пожарот се гасне со едно возило и пет пожарникари и нема опасност за негово проширување, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.