Skip to main content
Македонија

Петровска кон Мицкоски: Среќна нова 1949 година!

29/06/2025  20:24

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи се пофали дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Петровска, веднаш му одговори во коментар на објавата, потенцирајќи ја состојбата во македонското правосудство.

„Премиере, само да напоменеме дека не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу еднаквите. Среќна нова 1949 година!“ стои во коментарот на Петровска.