Search

Хаос на Пластичарска: Автомобил по судир прегазил жена, па удрил во комби кое удрило во бандера

На 28.07.2020 во 18.30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(37) од Скопје и автомобил „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(26) од Скопје.

При незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано комби  „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера.

По незгодата, С.С.,  Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави