Во Хрватска, 81 заразено лице во последните 24 часа

Во изминатите 24 часа, официјално се потврдени 81 случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во моментов има 1.032 активни случаи, а девет лица се на респиратор.

Во изминатите 24 часа биле тестирани 1.136 лица.

Од 25 февруари, кога беше забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 4.715 лица заразени со новиот коронавирус.

Како резултат на инфекција од коронавирус починале шест лица.

Досега се тестирани вкупно 109.358 лица.

Треба да знаете
Последни објави