
Деновиве се навршува една година од мандатот на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Иако почна со убедливо мнозинство пратеници во Собранието, Владата уште во првите неколку месеци од мандатот се соочи со „ситнење“ на парламентарната поддршка.
Дури се случи и мини реконструкција, и беа сменети еден министер и еден заменик министер, откако Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ја напушти прво коалицијата ВРЕДИ, а потоа и владината коалиција.
Но, тука најверојатно не е крајот на турбуленциите во владината коалиција.
Извори од Собрание, за 24инфо.мк неофицијално тврдат дека се подготвува смена на претседателот на Собранието Африм Гаши кој доаѓа од редовите на партијата Алтернатива која е дел од коалицијата ВРЕДИ.
Според нив, причините за таквиот потег биле повеќеслојни.
Прво, затоа што ВРЕДИ по заминувањето на Таравари не „тежи“ исто, а второ, многу поверојатно е дека има силни недоразбирања внатре во коалицијата ВРЕДИ, па не е исклучено по Таравари, ВРЕДИ да ја напушти и Африм Гаши.
Според информациите што се пласираат, целата работа околу смената на Гаши и изборот на нов спикер на Парламентот, наводно би била решена во претстојниот период пред летните одмори.
Алтернатива на Гаши во Собранието во овој момент има три пратеници