Skip to main content
Хроника

Претрес во Пробиштип, приведени две лица

24/06/2025  10:04

На 23.06.2025 во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.