Skip to main content
Свет

Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест

19/06/2025  11:43

Ракета на СпејсИкс (SpaceX) експлодираше во Тексас за време на тестот синоќа, испраќајќи огнена топка високо во небото, но немаше повредени, соопшти компанијата во сопственост на милијардерот Илон Маск.

Во соопштението се вели дека ракетата Старшип (Starship) експлодирала додека се подготвувала за својот 10-ти тест лет во Страбејс (Starbase), местото за лансирање на СпејсИкс во Јужен Тексас.

-Безбедносна зона околу местото беше одржувана во текот на целата операција и целиот персонал е безбеден, се вели во соопштението на Икс-Плејн (X-Plane).

Маск рече дека нема опасност за околните жители. Тој ги замоли луѓето да не се обидуваат да се приближат до местото.