Skip to main content
Спорт

Контролниот пакет акции на Лејкерс продаден за 10 милијарди долари

19/06/2025  08:16

Семејството Бас се согласи да го продаде контролниот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател на холдинг компанијата „TWG Global“, пренесува ESPN.

Договорот е вреден 10 милијарди долари. Џини Бас ќе продолжи да ја извршува функцијата извршна директорка на клубот по продажбата.

Како што забележува „Yahoo Sports“, ова сега е најголемата продажба на професионална спортска франшиза во светот. 

Претходно, Бостон Селтикс беа купени за 6,1 милијарди долари.

Во сезоната 2024/25, Лејкерси го зазедоа третото место во Западната Конференција на НБА со скор 50-32 (победи-порази). Во осминафиналето на плејофот Лејкерси загубија од Минесота со 1:4.