Skip to main content
Музика

Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија“

18/06/2025  16:31

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“

Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.

Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.

Карти онлајн можете да купите со клик ТУКА https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5666