Skip to main content
Хроника

“Ауди” излетало надвор од патот Куманово-Свети Николе, има повредени

17/06/2025  13:39

Вчера околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.