Search

За попладенво најавени нови протести против полицискиот час во Белград

Иницијативата „Да не го давиме Белград“, причина за протестот кој на крајот ескалираше со насилства по улиците, пред Собранието и насилен упад во законодавниот дом во Србија, го образложи како акумулираното незадоволство од властите во замјата.

Српската Народна партија најави тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.

Од паријата велат дека Вучиќ  најпрво прогласи победа над коронавирусот, а сега најавува дека ќе им го ограничи движењето на граѓаните. Тие на полицискиот час кој се најавува да почне в петок и да трае до раните утрински часови в понеделник гледаат како казнување со куќен притвор. Граѓаните во овој најавен полициски час за кој Кризниот штаб во Србија дополнително ќе дебатира и ќе се произнесе, гледаат како префрлање на одговорноста на нивните плеќи за целокупната здравствена состојба со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Српската народна партија за попладнево повика на нови протести против воведувањето на полицискиот час во Белград.

Во меѓувреме претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека и денеска од 15 часот, откако тоа го направи и вчера пред протестите кога го најви полицискиот час, ќе и се обрати на нацијата.

Треба да знаете
Последни објави