Ситуацијата со пандемијата корона вирус во Србија и особено во Белград е критична, изјави претседателот Александар Вучиќ, најавувајќи полициски час во главниот град на државата за викендот од петок до понеделник.
Критична ситуација имаме во уште 4 градови , но заради алармантната ситуација во Белград , од утре се забранува собирање на повеќе од 5 луѓе во затворен или отворен простор, изјави Вучиќ